16:31 - 5 декември, 2025

Музејот „Мадам Тисо“ не ги сака повеќе: Фигурите на славниот пар се остранети (ФОТО)

По моделот на Брегзит, повлекувањето на војводската двојка медиумите го нарекле „Мегзит“.

Познатиот лондонски музеј „Мадам Тисо“ ги издвоил восочните фигури на принцот Хари и неговата сопруга Меган од други членови на кралското семејство, како одговор на соопштението на парот дека се повлекува од кралските должности.

Музејот „Мадам Тисо“, кој изложува повеќе од 250. восочни фигури на познати личности, објавил дека принцот Хари и Меган ќе бидат сместени во посебна област и повеќе нема да бидат со кралицата Елизабета, принцот Филип и Чарлс, како и принцот Вилијам и неговата сопругата Кејт, пренесува Ројтерс.a

„Заедно со остатокот од светот, ние реагираме на изненадувачката вест дека војводата и војвотката од Сасекс се повлекуваат од кралските должности“, рекол генералниот директор Стив Дејвис.
Повлекувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган од кралските должности е главната вест во британскиот печат, во кои се вели дека ниту кралицата Елизабета не била информирана за одлуката.

Фото: Дејли Мејл

По моделот на Брегзит, повлекувањето на војводската двојка медиумите го нарекле „Мегзит“.

Кралското семејство е „повредено и разочарано“ од одлуката, јавува Би-Би-Си, во кое се наведува дека Хари и Меган не се консултирале со ниту еден член на кралското семејство.

Во кратка реакција, Бакингемската палата посочила дека ја разбира нивната желба за поинаков пристап, но дека за „комплицираните теми“ треба време.

„Тие дури и не и кажаа на кралицата“, пишува Daily Mirror, повикувајќи се на неименуван извор кој додава дека парот покажал тотално непочитување кон кралското семејство.

Има повеќе прашања отколку одговори, пишува Би-Би-Си, наведувајќи некои од нив: каква нова улога ќе имаат Хари и Меган, каква врска ќе имаат со остатокот од кралското семејство, каде ќе живеат, што ќе прават, кој ќе се грижи за нивната безбедност…

Некои можеби ова го гледаат како опаѓање на монархијата во 21. век, но од друга страна, Меган и Хари допреле до луѓе на кои ниту еден член на кралското семејство досега стаса а и ја освежиле институцијата.

Британскиот таблоид „Сан“ на насловната страница наведува дека кралицата е „длабоко потресена“ и дека заминувањето на Хари и Меган предизвикува „граѓанска војна“ во семејството.

Се наведува дека причина за активирање на нивната одлука било неодамнешното објавување на фотографија на кралицата Елизабета Втора со трите најблиски наследници на престолот: најстариот син Чарлс, внукот Вилијам и правнукот Џорџ.

„Оваа слика е најјасен показател дека Хари и Меган не се сметаат за дел од иднината на оваа институција. Од нивна гледна точка, од тој момент, веќе нема смисла да бидат тука“, изјавил еден извор за „Сан“. Хари е шестиот по ред за наследување на тронот – зад принцот Чарлс, принцот Вилијам и неговите три деца.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....