6.8 C
Скопје
02:26 - 26 април, 2024

Модните комбинации на Меган Маркл кои Британците се уште не можат да ѝ ги простат! (ФОТО)

Принцот Хари и Меган Маркл од денес службено повеќе не ја вршат кралската должност. Во склоп на својот последен ден формалности на војводата и војвотката, тие се обратија јавно на својот профил.

Меган уште на самиот почеток од нејзината врска со принцот Хари е во центарот на вниманието. Најмногу коментари на нејзина сметка имаше дел од британската јавност која не ја одобруваше нивната врска. Тие будно го следеа секој нејзин чекор и секогаш наоѓаа време за критика на војвотката, но најмногу на нејзините модни комбинации.

Комбинациите на војвотката секогаш беа мета на жестоки расправии на друштвените мрежи, а некои од нив Британците сè уште не ѝ ги простија.

1. Искинати фармерки

Instagram

Меган и Хари прв пат заедно се појавија во јавностга на игрите „Invictus“ во Торонто 2017 година. Нејзината едноставна, удобна и лежерна комбинација веднаш падна во окото на критичарите кои ѝ замерија носење на искинати фармерки. Иако тогаш не беше службено дел од кралското семејство, поради гласините за веридбата Британците заклучија дека би требала повеќе да повнимава на кралскиот моден бонтон кој не дозволува носење на такви фармерки.

2. Венчаница

View this post on Instagram

❤️ @meghanmarkle_official

A post shared by Meghan Markle ? (@meghanmarkle_official) on

Венчаницата од модната куќа „Givenchy“ која ја дизајнираше Клер Вејт Келер исто така не помина без критика. И додека едни го пофалија многу едноставниот и достоинствен фустан на војвотката, други сметаа дека е лошо скроена и дека воопшто добро не ѝ прилега.

3. Лак за нокти

Instagram

Таа започна расправија и со своето модно издание на претставата од страна на уметничката група „Cirque du Soleil“, но овој пат не беше проблем светликавиот темносин фустан од Роланд Моурет. Таа доби критики поради темниот лак на ноктите на нозете. Истакнати членови на кралското семејство не носат лакови за нокти во темни нијанси, па затоа оваа постапка се сметаше за моден прекршок.

4. Краток фустан

На хуманитарната изведба на мјузиклот „Hamilton“ Меган дојде во сјајен црн  фустан од брендот „Judith & Charles“. За некои беше фантастичен избор, а за критичарите прекраток фустан.

5. Голи рамена за кралската парада

https://www.instagram.com/p/Bx9fWa0IWtO/

Парадата „Trooping the Colour“ беше првото големо јавно случување за Меган после венчавката. Затоа не е ни чудно што многумина едвај го чекаа нејзиното појавување и се прашуваа што ќе облече. Таа избра розов фустан од Каролина Херера кој на многумина не им се допадна поради кратките ракави, односно отворените рамена. Други членки на кралското семејство обично за оваа прилика се закопчани до грло, па на некои ова модно издание на прекрасната Меган им беше чиста провокација.

6. „Непослушен“ фустан

Profimedia

Во август 2018 година Хари и Меган се упатија кон венчавката на своите пријатели. Фустанот од брендот „Club Monaco“ кој војвотката го одбра за таа прилика, повторно не беше по вкусот на многумина. Многумина сметаа дека е премногу темен за венчавка во лето, без разлика на тоа што имаше и други гости кои носеа темни фустани. Проблематичен беше моментот кога на Меган ѝ се откопча едно копче на фустанот и се откри нејзиниот градник. Војвотката брзо го примети тоа и го „скроти“ фустанот, но веќе беше предоцна.

7. Црн „Givancy“ фустан за поместување на модните граници

Појавувањето на Меган за доделувањето на Британските модни награди во 2018 година беше огромно изненадување. Војвотката на доделувањето дојде за да ја даде наградата за дизајнерка на годината во категорија на женската мода, на истата дизајнерка која ѝ ја направи венчаницата.

Меган за таа пригода носеше црн „Givancy“ фустан. Тогаш веќе беше бремена и изборот на отворен фустан на едното рамо, не можеше да помине без негативни коментари од страна на британската јавност. Тука беше и фамозниот црн лак за нокти кој во комбинацијата со фустанот навистина ги помести границите на кралската мода.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....