8.8 C
Скопје
02:33 - 20 февруари, 2026

МИЛЕ КИТИЌ ОТВОРЕН И ИСКРЕН: Зборува за ќерката Елена и безвредното чувство што му се појавило!

Популарниот пејач Миле Китиќ гостуваше во емисијата „Premijera – Vikend specijal“ во која зборуваше за новите проекти што ги подготвува, но и за сопругата Марта и ќерката Елена, коja исто како и нејзините родители се впушти во музичката индустрија. Тој откри зошто ретко го гледаме во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mile Kitic (@milekitic)

– Ако немам причина, не доаѓам многу да не бидам излишен. Во последниве години, ако снимам нешто добро, доаѓам во емисија за да се промовирам. Мојата сопруга Марта престана да го прави тоа од пред десет години. Елена штотуку почна и е малку поинаква, не сака да се експонира, но ќе мора – изјави Миле и додаде што мисли за Елена и нејзиното место на естрадата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Kitić (@elenakitic)

– Мислам дека добро плива, имаше одлични песни со Буба и Јала, со Раста исто така, тоа ѝ се допаѓа и ја поддржуваме – вели Китиќ и напоменува дека полека доаѓаат помлади генерации, а неговите полека се откажуваат.

Како и сите други, пандемијата на коронавирус тешко го погоди, а пејачот не крие дека првпат се почувствувал безвреден.

– Проклетата корона ми падна многу тешко, некои од нас над 60 години не се осмелуваат да излезат надвор. Почнав да се чувствувам безвредно, како некој дедо. Ми недостасуваше нормален живот, но луѓето ме бараат, се чувствувам здрав, цел живот спортувам, како млад играв фудбал во Сараево, скијав со години, спортот ме одржуваше сите овие години – заклучува Миле Китиќ.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....