7.8 C
Скопје
23:57 - 6 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ЌОФТИЊА ОД КОМПИР И ЛЕБЛЕБИЈА: Посно, здраво и превкусно

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ МАФИНИ ОД ПАЛЕНТА СО СПАНАЌ: Рецепт во кој здравото е синоним за вкусно!

„ЉУБОВТА КОН ГОТВЕЊЕТО ЈА НАСЛЕДИВ ОД ДВЕ ПРЕКРАСНИ ЖЕНИ, ИЗВОНРЕДНИ ВО КУЈНА, МАЈКА МИ ЗОРЕ И БАБА МИ РАДА. ГОТВЕЊЕТО МЕ ОПУШТА И ПРЕКУ НЕГО ЈА ИЗРАЗУВАМ МОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. ГОТВАМ, СЕРВИРАМ, ФОТОГРАФИРАМ.ТОА Е МОЈ НАЧИН ДА ЈА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНАТА И ПРЕНЕСАМ ПОРАКАТА ДЕКА ГОТВЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ“, НИ ОТКРИВА НАТАША.

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ СО ТИКВИЧКИ: Посна, здрава и вкусна идеја за ручек или вечера

 

За денес, нашата драга Наташа со сите вас споделува рецепт за ќофтиња од компир и леблебија.

„Посно, на вода, здраво и превкусно“, вели Наташа.

Потребни состојки:

  • 2 варени компири
  • 200 гр варена леблебија
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • лукче
  • магдонос
  • 2-3 лажици таан
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 1 лажица сенф
  • Сол, бибер, куркума

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Наташа М. (@natasaemil)

Подготовка:

Сè се ренда, сецка, пасира. Од смесата со лажица се става во тава обложена со хартија за печење. Се обликуваат како ќофтенца, во кружна форма. Наросив сусам на секое. Послужив со сос од сенф и мед. Ќофтињата се печат околу 20 минути на 200 степени.

На здравје!

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....