-0.2 C
Скопје
05:28 - 27 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ МАФИНИ ОД ПАЛЕНТА СО СПАНАЌ: Рецепт во кој здравото е синоним за вкусно!

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Љубовта за готвењето ја наследила од две прекрасни жени, извонредни во кујна, мајка ѝ Зоре и баба ѝ Рада. Со готвењето се опушта и се изразува креативно.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил(natasaemil), а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ СО ТИКВИЧКИ: Посна, здрава и вкусна идеја за ручек или вечера

Потребни состојки:

  • 1 рака спанаќ
  • 40-50 грама сирење
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • шоља палента
  • сода
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • малку магдонос
  • сол
  • семиња за посипување

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Наташа М. (@natasaemil)

Подготовка:

Изматете ги јајцата,па постепено додадете ги останатите состојки. Измешајте да добиете изедначена смеса. Наполнете ги калапите за мафини со смесата. Посипете семиња. Печете 10 минути на 200 степени, па уште 10 на 180.

Бон Апетит!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ЗДРАВО ЛЕПЧЕ: Ова лепче без брашно го правите еднаш и имате за цела недела!

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....