13.8 C
Скопје
15:32 - 26 октомври, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Во срцето на Агино Село пулсира дворот на Јагода

Пензионеркара Јагода Каранфиловска од кумановското Агино Село, има двор кој е своевидно огледало на нејзината голема љубов кон цвеќињата.

фото- приватна архива

За дворот се грижи самата, посветено и со радост, па оттука времето поминато во нега на цвеќињата не се премерува со часовник, но секако, станува збор за најмалку три часа во денот.

– Кога би имала поголем двор – би имала уште повеќе цвеќиња, вели Јагода која сепак, смета дека нејзиното рајче е мало, иако се простира на дури тристотини квадратни метри.

Доминираат саксиските цвеќиња, и сите ѝ се омилени!
– Зимно време ги прибирам внатре, но оние кои не мрзнат остануваат надвор – објаснува таа, нагласувајќи дека за нега на цвеќе треба да се има мерак.

Инаку, Јагода е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....