17:32 - 5 ноември, 2026

Миг Џегер се чувствува многу подобро по операцијата на срцето

Мик Џегер изјави дека заздравува и дека се чувствува многу подобро, откако беше примен во болница. Според информациите, тој беше подложен на операција на срцев залисток во Њујорк, проблем поради кој групата „Ролинг стоунс“ ненадејно мораше да ја одложи турнејата во Северна Америка, без да прецизира за што станува збор. 

„Му благодарам на лекарскиот тим за извонредно завршената работа, како и на фановите за поддршката“, напиша Џегер на Твитер.

Британските рок легенди требаше да ја продолжат својата светска турнеја на 20 април во Мајами, но лекарите го советувале Џегер дека му треба лекарски третман. Неколку американски медиуми објавија дека ќе оди на операција на срцето.

Групата најави дека ќе ги презакаже сите 17 датуми од турнејата во САД и Канада и се очекува Џегер да се врати на сцена во јули.

Слични објави

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Емина Јаховиќ проговори за бившиот и разводот: „Немам желба да ја запознаам новата сопруга на Мустафа“

Еспресо

„Родителот што ќе изгуби дете прво ја бара вината во себе“: Јулија Мациевска проговори за болката по смртта на ќерката Андријана

К.С.

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо

(Фото) Мина Костиќ целосно го промени изгледот по тешкиот период: „Повторно оживеав“

Еспресо
Се вчитува....