22:13 - 28 ноември, 2026

Марија Микиќ го откажа концертот поради здравствени проблеми: „Срцето ми е скршено!“

Пејачката Марија Микиќ соопшти на Инстаграм дека нејзиниот концерт, закажан за 5 јули, е откажан. Како што откри, поради нарушено здравје и по препорака на лекарите, била принудена да го одложи настапот.

Марија неодамна помина низ две операции на истиот ден во Турција, поврзани со гласните жици, и сега мора да направи пауза за целосно закрепнување.

– Драги мои, со голема тага ве известувам дека, поради ненадејни здравствени проблеми и препорака од лекарите, морам да го откажам концертот во Подгорица, закажан за 5 јули – напиша Марија.

– Верувајте, многу се радував на оваа средба и срцето ми е скршено што нема да се видиме тогаш. Здравјето сега мора да биде приоритет, но штом оздравам – се враќам посилна од кога било и ќе пееме од срце! Ви благодарам на разбирањето, љубовта и поддршката. Ве сакам и ќе се видиме наскоро. Ваша, Мара – стои во нејзиното соопштение.

Да потсетиме, изминативе недели естрадата бруи за брачната состојба на Марија и нејзиниот сопруг Јован. Тој ја отследи од Инстаграм, а потоа, откако тоа предизвика бројни реакции во јавноста, повторно ја заследи.

Јован Пантиќ, инаку, веќе извесен период не живее со семејството во Белград, а Марија е на патување – што беше доволен повод за да се појават гласини за можен развод.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....