9.8 C
Скопје
16:15 - 18 декември, 2024

Мала астро школа: Каква енергија имаме, млака или разурнувачка?

Со кои битки морам да се соочам во животот? Во кои ситуации морам да покажам повеќе самодоверба? На кој начин го искажувам својот гнев? На овие прашања, одговорот го бараме во поставеноста на нашиот натален Марс во наталната карта.

Ајде да видиме какво е значењето на Марс во 12-те хороскопски знаци. Ова ќе ни овозможи подобро да го дефинираме нашиот карактер.

Марс во Овен: Обдарени сте со агресивност која секој миг може да излезе од контрола. Луѓето со ваква поставеност на Марс треба да бидат претпазливи дури и во интимните односи, бидејќи целата енергија ја трошат на самиот почеток.

Марс во Бик: Не сте личност која покажува многу нервоза. Но, откако проблемот ќе се акумулира, станувате вознемирени и „држите“ лутина. Ова се луѓе со исклучително изразена страст во интимните односи.

Марс во Близнаци: Дволични сте. Може да се изнервирате одеднаш, но бргу ви поминува. Затоа сте склони на смирувања. Во интимните односи не сте многу страствени.

Марс во Рак: Слаба поставеност на Марс. Станува збор за чувствителни луѓе со мала самодоверба и без волја до крај да ги истуркаат започнатите работи. Во интимните односи – здодевни и млаки.

Марс во Лав: Ова се кралеви кои сакаат на сите да им покажат колку вредат. Премногу сте горди. Во интимните односи – одлични љубовници кои сакаат да доминираат.

Марс во Девица: Генерално ваквата поставеност не дава агресивна личност, зашто Марс во овој знак губи голем дел од својата енергија. Во интимните односи -некреативни и прецизни.

Марс во Вага: Вашиот гнев и агресија секогаш ги премерувате. Станува збор за избалансирани личности. Но затоа пак, во интимните односи се најчесто ѓаволести.

Марс во Шкорпија: Токму во овој знак Марс е многу избувлив и лесно може да предизвика војна. Овие личности се опасни кога ќе се налутат. Љубоморни сте и посесивни. Такви сте и во интимните односи.

Марс во Стрелец: Вашата енергија е најубава на патувањата и кога сте во странство. Дозволете си слобода и ќе го почувствувате вашиот вистински Марс. Во интимните односи – ослободени од сите предрасуди.

Марс во Јарец: Класична позиција за личност која избегнува кавги и никогаш не се лути. Но, тешко на оној ако се налути и избувне. Може да стане неконтролирано „чудовиште“, полошо и од поставеноста на Марс во Шкорпија. За среќа, до тоа доаѓа многу ретко. Инаку, одлични работници. Работливи и во интимните односи.

Марс во Водолија: Тешко на оние што ќе ги допрат вашите простори и вашата слобода. Во вакви случаи може да станете агресивни. На овие личности им недостига самодоверба. Во интимните односи – несигурни.

Марс во Риби: Црвената планета во овој знак нема енергија, а личноста со ваква поставеност е многу подводлива, чувствителна, потоната во својата имагинација. Луѓето со ваква поставеност на Марс не успеваат да ја искажат својата енергија, но можат да ја канализираат кон сопствената креативност. Во интимните односи – многу креативни.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....