-0.2 C
Скопје
18:50 - 22 декември, 2024

МАКЕДОНЕЦ ГИ ЗАРАЗИЛ СИТЕ СО СИДА ВО ГРУПЕН СЕКС – Непознати факти за смртта на членовите на групата ЕКВ

Станува збор за трагична приказна за група на луѓе кои со своите песни обележаа едно време и позади себе, покрај многубројните хитови, оставија и низ на контроверзии врзани за своите приватни животи, но и за стиховите кои и ден денес ги пејат новите генерации кои не беа ни родени во добата кога бендот го снема од сцената, пишува Еспресо.рс.

По албумот од 1992. година „Neko nas posmatra“, кој музичките критичари го нарекоа најлош во дискографијата на оваа група, фронтменот Милан Младеновиќ накратко ја напуштил земјата и заминал за Бразил каде заедно со пријателот Митар Суботиќ работел на свој проект, кој подоцна се покажа како негов последен, „Angel’s Breath“. Се збори за едно херметично и многу мрачно издание кое тотално се разликува од она што Младеновиќ го правеше со ЕКВ. Излезе дека е совршен проект за крај на една помалку несфатена, мрачна и несекојдневна кариера.

По враќањето од Бразил, според некои сведоци, Милан бил добро расположен, па веднаш тргнал на концертна турнеја со ЕКВ, а дури започнал и да работи на песни за новиот албум чиј работен наслов бил „Ponovo zajedno“.

Работата е прекината поради здравствени проблеми со кои се соочувал Милан.

Во август 1994 година, бендот го имал последниот настап во Будва, по кој Милан речиси веднаш е префрлен во болница.

Официјалната верзија била дека тој има рак на панкреас. Неофицијално, според верзиите кои се ширеле низ градот, Милан имал неколку различни турмори кои се развиле како последица од долгогодишната борба со вирусот на ХИВ.

Младеновиќ набрзо починал по својата хоспитализација, на 5 ноември 1994 година, за 37-годишна возраст во Белград. Неговата смрт официјално го означила крајот на работата на групата Екатерина Велика. Исто така, неговата смрт била централна точка, т.н. епицентар на „тешката судбина“ која речиси цело време надвиснувала над бендот.

Басистот Бојан Печар, кој групата ја напуштил од објавуањето на албумот „Samo par godina za nas“ од 1989. година и отишол во Лондон, умрел во британската престолнина на 13 октомври 1998 година, на 39-годишна возраст. Според официјалната верзија, тој починал од срцев удар. Неофицијално, кружеле приказни дека вистинската причина за неговата смрт е предозирање, а постојат и некои други различни верзии. Некои негови пријатели велат дека многу тешко ја доживеал смртта на пријателот Милан и дека по тој настан тој станал психички нестабилен.

Маргарита Стефановиќ, попозната како Маги, починала на клиниката за Инфективни болести во Белград на 18 септември 2002 година, на 44-годишна возраст. На нејзината смрт и претходеле низа трагични настани. Откако татко ѝ починал во 1996 година, таа се обидувала на сите можни начини да се ослободи од дрогата, па го продала семејниот стан и купила два помали, а со остатокот на парите отпатувала во Индија. Желбата во некоја далечна земја потполно да го промени начинот на живот, бил уште еден неуспешен обид, па по враќањето дома направила тешки и погубни потези за себе. Таа ги продала двата стана и набрзо станала бездомник.

Меѓутоа, приказната за проколнатите судбини на членовите на овој бенд не завршува.

Ивица Вдовиќ, познат како ВД, поранешниот тапанар на Шарло Акробата, бенд кој го основал заедно со Младеновиќ, исто како и ЕКВ, долго боледувал од сида и починал во 1992 година.

Првиот тапанар на бендот Душан Дејановиќ исто така боледувал од сида и починал на 16. ноември 2000. година.

Талентираниот сликар, дизајнер и музичар Душан Герзиќ, познат како Гера, кој работел на омотот на првата плоча на ЕКВ од 1985. година, починал во јануари 1998 година во Белград на 37-годишна возраст, под неразјаснети околности, барем за јавноста. Еден дел од животот на Герзиќ во Париз, францускиот глумец и режисер Жан Марк Бар во 1999. година го снимил во филмот „Љубовници“, а Гера во филмот го глумеше познатиот српски глумец Сергеј Трифуновиќ.

Пријателот на Милан, Митар Суботиќ, познат како Суба, инаку продуцент на некои албуми на ЕКВ и Хаустор, се преселил во Бразил на почетокот на деведесетите години од минатиот век и направил одлична кариера во електронската музика, особено кога е во прашање комбинирање на бразилската и електронската музика. Тој бил продуцент на албумот „Танто темпо“ на пејачката Бебел Жилберто која за него освои 3 „Греми“-награди. Суба трагично го завршил животот кога неговото студио го зафатило пожар, а тој изгорел во пламените јазици обидувајќи се да спаси некои снимки и неговата опрема.

Во книгата “Magi – kao da je bila nekad” на Душан Весиќ, посветена на Маргарита Стефановиќ и групата ЕКВ, може да се дознае што навистина се случило со еден од најголемите и најавтентичните, истовремено и најмистериозни бендови во поранешна Југославија, секако и на нивните членови.

Имено, за време на снимањето на албумот “Samo par godina za nas” во 1988 година, членовите на бендот слушнале за настанот кој се случил за време на нивната претходна концертна турнеја, а кој, според верувањата на некои кои им се блиски на бендот, потполно им ја одредил нвната судбина.

Тие денови стигнале лоши вести од Скопје. По еден нивнен концерт во 1987 година, бендот немал обврски, па останал во Скопје на журка направена во нивна чест. Журката траела три дена. Првите два дена поминале со алкохол и дрога, а третиот дел дошол групиниот с*кс. Потоа од последици од сида починал некој кој учествувал во нив. Тие сфатиле дека најверојатно и самите се заразени.

За песната “Par godina za nas” отсекогаш се сметало дека претставува пророштво и таков поглед за времињата кои ќе дојдат, дека носи „пречувство за политичките и социјалните трагедии кои следуваат во Југославија на почетокот на деведесетите години“. Всушност, песната била автобиографска.

Но, и за “Oči boje meda” се сметало дека е љубовна песна, но подоцна се дознало дека станува збор сленг кој го користат зависниците од хероин,

Неспорно е дека ова е приказна за група на талентирани и креативни луѓе кои своите животи, очигледно, ги положиле на олтарот на својата уметност. Исто така, не може да се оспори дека албумите на ЕКВ навистина биле како пророштва – мракот не проголта, љубовта не нѐ спаси и имавме неколку години за нас.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....