03:37 - 31 јули, 2026

Љубовта помеѓу пејачот и стјуардесата: Поранешната сопруга на Киќо Слабинац откри зошто се развеле

Во Загреб, во пресрет на петгодишнината од смртта на Крунослав Киќо Слабинац, беше претставена неговата обемна биографија. Делото насловено како „Кога уметноста ја допира душата“ го напишала неговата поранешна сопруга Дубравка Боуша, а на промоцијата се собрале синовите на Киќо, внукот и бројни пријатели и колеги од музичкиот свет.

На повеќе од 900 страници, Дубравка се обидела да го прикаже животот и креативноста на човекот кој, како што вели, носел посебна енергија.

„Кога тој ќе влезеше во обична соба, веднаш се чувствуваше дека пристигнал некој посебен“, се присетила авторката за „ИнМагазин“.

Дубравка и Киќо биле во брак 12 години, а во книгата таа детално опишала како се запознале.

„Мајка ми и брат ми го познаваа години пред мене. Во тоа време работев како стјуардеса и штотуку се вратив од Лондон кога со мојот брат, кој имаше церебрална парализа, отидов на добротворен концерт организиран од мајка ми. Киќо настапуваше таму – и така се запознавме“, раскажала Дубравка.

Потоа, нивните патишта сè повеќе се испреплетувале.

„Еден ден, мама и јас печевме ајвар, кога пријателот на Киќо дојде и рече дека тоа мора да го одобри вистински Славонец. Го повика Киќо и така тој дојде во нашата куќа“, се присетила таа со насмевка.

Иако имале силни емоции еден кон друг, нивниот брак не можел да го издржи притисокот од животот со познатиоѕ уметник.

„Многу е тешко да се живее со гениј. Да беше меѓународна ѕвезда, ќе имаше цел тим луѓе околу себе, а кај нас таа улога ја преземав јас – со две мали деца беше навистина напорно“, признала Дубравка.

Кога ја прашале што му пресудило на нивниот брак, таа искрено одговорила: „Не постоеше посебна причина. Едноставно, двајцата не можевме доволно да се оствариме, па затоа беше попоштено да се разделиме.“

Од нивниот брак се родени синовите Иван и Павле, кои денес гордо зборуваат за својот татко.

„Беше грижлив и добар. Никогаш не велеше дека мора да оди да работи – секогаш бараше и наоѓаше време за нас“, се присетил Иван Слабинац.

Поради пандемијата на коронавирусот, не се одржа комеморација по неговата смрт во 2020 година. Но, вчера, постхумно му беше доделено највисокото признание на Хрватското дискографско друштво – наградата за најдобар славонски албум во историјата, „Ако зора не сване“.

 

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....