04:53 - 18 јануари, 2025

Ким Кардашијан тргна по стапките на татко ѝ: Се бори за луѓето кои биле погрешно обвинети!

Старлетата и ријалити ѕвезда на шоуто „Keeping Up WIth The Kardashians“, Ким Кардашијан (39) тргна по стапките на својот татко, прочуениот адвокат Роберт Кардашијан кој почина во 2003 година на 59-гоишна возраст, па сега таа започнува да работи на поткаст во кој ќе зборува за теми поврзани со казнениот суд.

профимедиаКардашијан планира да ги здружи силите со тв-продуцентката Лори Ротшилд Ансалди за заедно да продуцираат нов поткаст и да го водат онлајн. Тие ќе се фокусираат на луѓе кои биле погрешно осудени на затворска казна.

Пред неколку месеци Ким започна да работи на документарци кои се занимаваат со праведно судење, а ги нарече „Kim Kardashian West: The Justice Project“. Видеата може да се најдат на Јутјуб.

View this post on Instagram

Robert George Kardashian war ein amerikanischer Anwalt und Unternehmer, der als Mitglied des Anwaltteams von #OJSimpson 1995 weltweite Bekanntheit erlangte. Bis heute sorgt dieser Mordprozess noch für verblüffte Gesichter und große Fragezeichen in unseren Köpfen, denn angeblich habe Kardashian in seiner Bibliothek einen geheimen Raum gehabt, in dem er Beweise versteckt hielt. Stimmt das? Oder ist das alles nur Humbug? Das weiß wohl nur er selbst. WAS WILL ICH DAMIT SAGEN? Ein Anwalt ist Vertreter seiner Mandanten und darf selbstverständlich parteiisch sein. #anwalt #mietrecht #familienrecht #erbrecht #verkehrsrecht #kaufrecht #arbeitsrecht # strafrecht #gotha #rechtsfragen #instagram #instagramer #schallerrecht #robertkardashian #ojsimpsontrial #ojsimpsonvsthepeople

A post shared by Christian Schaller (@anwalt_christian_schaller) on

Во нив се зборува за четворица затвореници кои, според нејзините верувања, погрешно завршиле позади решетките и таа сака да им помогне.

Ким е мајка на четири деца, а се надева дека ќе стане адвокат во 2022 година. Пред две години  започна 4-годишно школување во адвокатска фирма во Сан Франциско.

Пред две години Ким почувствува дека „ослободување“ на невините од затвор или воведување правда во системот е нешто со кое сака да се занимава во иднина.

Затоа одлучи да го посветува своето време на правдата. На тој начин ријалити ѕвездата оди по стапките на својот татко, познатиот адвокат Роберт Кардашијан, кој на суд во 1994 година го бранеше поранешниот играч на американски фудбал, О. Џеј Симсон, кој беше обвинет дека ја убил својата поранешна сопруга Никол Браун и нејзиниот тогашен пријател Рон Голдман.

„Ќе бидеш како својот татко. Мислам дека тој не може да биде посреќен што си го избрала тој пат“, бил само еден од коментарите на нејзините следбеници.

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....