07:00 - 31 јули, 2026

Ќе се снима филм за хрватската музичка легенда Мишо Ковач

мишо ковач

На големото платно доаѓа животната приказна на еден од најпопуларните пејачи на хрватската забавна музика – Мишо Ковач. Како што беше објавено во вторникот, се подготвува долгометражен игран филм кој нема да биде само омаж на една личност, туку и емотивна приказна за едно време, еден народ и чувствата што низ неговите песни добивале смисла, објави хрватскиот медиум „Индекс“.

Филмот, засега под работен наслов „Мишо“, е прв биографски проект од вакви размери, а на него ќе работи продуцентката Вања Сремац за продукциската куќа „Соми продукција“. Насловот веднаш асоцира на човекот што уште за време на животот стана легенда – најпродаван дискографски уметник на просторите на поранешна Југославија, чија музика стана дел од колективното паметење.

Сценариото го потпишува писателката Милана Влавиќ Ковачек, која повеќе од две години работи на истражување на биографијата и дискографијата на Ковач преку разговори со него, неговото семејство и најблиските соработници. Таа вели дека Мишо е „јунак на нашето време“ и дека неговата животна приказна е „емотивна и величествена сага за победата и поразот, но никогаш за откажувањето“.

На сценариото работи и наградуваниот режисер од Босна и Херцеговина, Пјер Жалица, кој вели дека животот на Ковач има „митски димензии на ѕвезда“, а неговиот приватен живот е речиси како античка трагедија – совршен материјал за силен и значаен филм.

Режисер на филмот ќе биде Винко Брешан, исто така роден во Шибеник како и Ковач, познат по филмовите „Децата на свештеникот“, „Маршал“, „Како почна војната на мојот остров“, како и телевизиската серија „Дневникот на големиот Перица“.

„Најважно во сè е приказната за Мишо Ковач. Се чувствувам привилегиран што можеби ќе ја имам шансата да ја раскажам на пошироката публика. Одговорноста е огромна, но можноста е единствена“, изјави Брешан.

Филмот се работи во договор со самиот Мишо Ковач, неговата сопруга Лидија, семејството и долгогодишниот соработник Томислав Маџар. Ковач накратко изјави: „Знам што има направено Брешан во животот и го почитувам тоа“.

Интерес за широка дистрибуција веќе изрази дистрибутерската куќа „Блиц филм и видео дистрибуција“, која верува дека филмот има потенцијал да стане „едно од најзначајните остварувања на домашната кинематографија – уметнички, културолошки и емоционално“.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....