24.8 C
Скопје
01:44 - 29 август, 2026

Карлеуша преживеала здравствен пекол: „Мамо, дали е вистина дека ќе умреш?“

Пејачката Оља Карлеуша поминала низ сериозна здравствена криза, која ја променила од корен.

Денес, сè повеќе време минува во природа, полнејќи си ги батериите и изразувајќи благодарност кон животот.

– Природата го буди најтивкото во нас – мирот, благодарноста и љубовта кон животот – напиша таа покрај фотографиите на кои се гледа опкружена со зеленило.

Оља во минатото раскажа дека сосема случајно дознала дека има тромб.

– Никогаш немав здравствени проблеми. Без разлика на професијата, никогаш не сум пиела алкохол, ниту газирано, не пушам, не пијам кафе, си легнувам рано и рано станувам. Живеам здраво. И одеднаш почувствував болка во листот на левата нога, како грч. Болката исчезнуваше кога лежев, но веднаш се враќаше штом станев. Немаше оток, па не ни се посомневав. Продолжив со секојдневието, иако болката остана. Два дена подоцна, почнав да чувствувам дека сè потешко дишам, како да сум облечена во нешто што ми го стега градниот кош – раскажа таа.

По лекарската контрола ѝ било речено дека не смее да се движи – дури ни до тоалет.

– Нема човек што не се плаши кога ќе му кажат дека носи „темпирана бомба“ во себе. Лежиш и чекаш тромбот да се врзе. Се прима терапија – антикоагуланси – но во суштина само чекаш. Кога докторот ми рече дека не смеам ни до тоалет, за мене тоа беше крај. Сепак, слушав сè што ми велеа – објасни Карлеуша.

По закрепнувањето, почнала со детални прегледи.

– Благодарна сум што не беше наследно. Не знам што го предизвика, но сакам тоа да остане зад мене. Уште одамна имам одлучено – ќе живеам меѓу 92 и 96 години. Сè друго се пречки што треба да ги прескокнам. Не е само важно да живееш до 92, туку каков ќе биде тој живот – раскажа таа во емисијата „РТС Ординација“.

Најмногу ја погодиле зборовите на нејзиниот син Павле, кој бил исклучително исплашен за нејзиниот живот.

– „Мамо, дали е точно дека ќе умреш?“ – ме праша Павле. Кога ќе го чуеш тоа, не ти е лесно. Му се насмеав и му реков: „Што зборуваш, знаеш ли ти колку има до 92 или 96 години?“ – откри таа.

Слични објави

(Фото) Првпат на море со синот – сликата на Алекса Балашевиќ со малиот Ѓорѓе ќе ве разнежни

Еспресо

Исплива преписката на Алексеј Бјелогрлиќ со друга девојка, договараат средба во Цирих и ја понижуваат Сара Јо

Еспресо

(Фото) „Само зумирајте“: Маја Шупут привлекува внимание во костим за капење со долг прорез

Еспресо

Поради еврејското потекло се криела по тавани и подруми, а од стрес косата ѝ побелела за неколку минути: Неверојатната животна приказна на Рахела Ферари

Т.Ц.

(Видео) Желка ѝ се прикраде и ја касна за задникот – Се шири хит-снимка од инфлуенсерка во танга-бикини

Т.Ц.

(Фото) „На овој наш православен празник ми се промени животот“: Водителката Милена Антовска го слави 9. роденден на ќерката

Еспресо
Се вчитува....