12:40 - 8 ноември, 2026

Јелена Розга за љубовта со Иван Хуљиќ: Вљубена сум како никогаш досега!

Хрватската пејачка Јелена Розга во своето последно интервју отворено проговори за љубовта кон својот партнер Иван Хуљиќ, откривајќи дека е вљубена во него веќе многу години.

Гласините за нивната врска кружат одамна, но годинава тие конечно станаа официјални.

На прашањето од новинарката како изгледа вљубувањето во позрели години, Јелена со насмевка одговорила: „Па јас веќе сто години сум вљубена во Иван, така што тоа е тоа“.

Пејачката отсекогаш била позната по својата спонтана и опуштена природа. Ова лето го искористила за краток одмор на островот Крк, каде што со Иван уживале во приватност и ја наполниле енергијата за продолжението на нејзината летна турнеја.

Јелена открила и дека нејзиното мислење за бракот се променило – сега веќе не го гледа само како „парче хартија“. Според информации од српските медиуми, двојката планира свадба оваа есен. Церемонијата би се одржала во Сплит, а славењето би можело да биде на егзотична дестинација, како Малдиви или Бали.

За Иван, кој често ја поддржува од публиката за време на нејзините настапи, Розга има само пофални зборови. Потврдува дека нивната врска станала уште посилна преку заедничките моменти и взаемната поддршка.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....