03:25 - 9 ноември, 2026

И по разводот најдоа заеднички јазик: Поранешниот сопруг на Марија Микиќ направи семејно собирање и објави најслатка фотографија

Пејачката Марија Микиќ и нејзиниот поранешен сопруг Јован Пантиќ, и покрај тоа што ставија точка на бракот, останаа во коректни односи и заедно се посветени на воспитувањето на своите деца.

Според пишувањата на српските медиуми, при поделбата на заедничката имотна состојба, најголема ставка била семејната куќа на Бежаниска коса, која ѝ припаднала на Марија и децата – ќерката Ѓурѓа и синот Милија.

Јован, пак, на својот инстаграм-профил објави фотографија со наследниците, покажувајќи дека и по разводот семејната идила продолжува.

Фото: Скриншот

Пејачката претходно јавно се огласи и со емотивно писмо упатено до медиумите и фановите.

„Драги мои, долго време должев одговор на прашањата што ги поставувавте. Јован и јас решивме да не бидеме повеќе заедно. Животните патишта и приоритети нè однесоа на различни страни и, иако се трудевме да го пребродиме тешкиот период, не успеавме. Од нашата љубов добивме два ангела, и тоа е најголемата благодат. Иако љубовта меѓу партнерите не е повеќе во прв план, остануваат почитта, убавите спомени и заедничката обврска да бидеме најдобри родители“, изјави Марија, додавајќи дека во иднина нема да се огласува на оваа тема.

Марија Микиќ и Јован Пантиќ се венчаа во 2023 година, а нивната љубовна приказна долго беше пред очите на јавноста. Денес, иако не се повеќе брачни партнери, нивната заедничка цел останува најважната – среќата и растењето на децата.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....