04:29 - 9 ноември, 2026

Хрватската старлета која си ја лажираше смртта е осудена на 6 месеци затвор, бидејќи претепа српска режисерка

Слаѓана Петрушиќ е осудена на шест месеци затвор во Белград поради претепување на театарската режисерка и учесничка во реалното шоу Јелена Голубовиќ во 2015 година, пренесува „Нова.рс“.

Слаѓана пред да влезе во судницата ја вклучила камерата и ја снимила Јелена во ходникот како и кажува дека има „добри бутови“, а видеото подоцна го објави на својот инстаграм-профил.

Судијата се обидувал да одржи ред во текот на судскиот процес, но не му било лесно со оглед на тоа што Слаѓана и Јелена постојано го прекинувале судењето и самиот судија. Слаѓана одбила да му одговори на судијата дали поседува имот во Хрватска, а на прашањето дали нејзината мајка има месечни примања, таа одговорила: „Понекогаш има љубовници, така се снаоѓа“. По кратка пауза, судијата ја изрекол пресудата.

„Слаѓана Петрушиќ се осудува на шест месеци затвор. Не изразивте каење, не ја разбирате тежината на стореното дело и затоа ја добивате оваа казна. Се надевам дека, додека ја издржувате казната, ќе ја сфатите својата грешка“, рекол судијата.

Јелена по изрекувањето на пресудата рекла дека не е задоволна, бидејќи смета дека шест месеци затвор се премалку, додека Петрушиќ рекла дека се забавувала на судењето и дека ќе поднесе жалба.

Да потсетиме, Петрушиќ пред неколку месеци ја измисли сопствената смрт. На нејзиниот Инстаграм се појави објава дека 40-годишната старлета починала, а веста брзо ја пренесоа бројни хрватски и српски портали.

Старлетата подоцна се огласи на својата фејсбук-страница, каде што објави линк до видео во кое признава дека ја лажирала сопствената смрт на социјалните мрежи. Во видеото Слаѓа ги пцуе медиумите кои, како што вели, објавуваат непроверени информации.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....