01:08 - 8 ноември, 2026

Хари и Меган им се обратија на светските лидери за ситуацијата во Авганистан

меган и хари

Принцот Хари и Меган Маркл објавија изјава во која зборуваа за „крајно кревката“ ситуација во светот поради преземањето на Талибанците на Авганистан и кризата на Хаити.

Во заедничката изјава, објавена на веб-страницата на Фондацијата Арчевел, тие ги повикаа луѓето да ги поддржат организациите за помош и светските лидери да ги забрзаат преговорите за хуманитарна помош.

„Чувствуваме многу болка поради ситуацијата во Авганистан, ние сме без зборови. Додека ја гледаме растечката хуманитарна катастрофа на Хаити, која се заканува да се влоши по земјотресот, нашите срца се скршени. Како што сите сме сведоци на континуираната глобална здравствена криза, влошена од нови сoеви и постојани дезинформации, преплашени сме“, пишуваат тие.

„Кога било кој човек или заедница страда, дел од секој од нас страда со нив, без разлика дали го разбираме тоа или не. Значи, иако не сме родени да живееме во страдање, ние, како луѓе, учиме да го прифатиме”, додаваат тие.

Тие продолжуваат да ги охрабруваат луѓето да им се придружат во „поддршка на голем број организации кои вршат клучна работа“ и им се обратија на луѓето на високи позиции.

„Ги охрабруваме луѓето со глобално влијание да ги забрзаат хуманитарните преговори што се очекува да се одржат оваа есен на собири како што се Генералното собрание на ОН и Самитот на Г-20“, рекоа тие.

„Одлуките што сега ги донесуваме како меѓународна заедница, за да ги ублажиме страдањата на оние што ги знаеме и оние што можеби никогаш нема да ги сретнеме, ќе бидат она што ќе ја докаже нашата хуманост“, заклучија тие.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....