11.8 C
Скопје
11:53 - 21 април, 2026

(Фото) Уметничкиот дух на Андријана Мациев продолжува преку ќерка ѝ: Стефанија го потврди својот актерски талент

Уметничкиот дух на Андријана Мациев продолжува понатаму, сега преку нејзината ќерка Стефанија.

Сликарката Андријана (42), ќерка на пејачката Јулија, нè напушти премногу млада минатата недела, по тешката борба со канцерот. Но, нејзината ќерка Стефанија Начевска, ги покажа своте актерски таленти вчера глумејќи во претставата „Галеб“ од Чехов, на сцената на театар Комедија.

„Синоќа на даските што живот значат – Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величенствена како вистински галеб во претставата Галеб од А.П.Чехов.
Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше и ја посвети на својата мајка, за Андијана, за нашиот ангел небесен“ – напиша Јулија на својата Фејсбук страница, заблагодарувајќи се на целата екипа од претставата „за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“.
Секако, ова не е прва актерска улога на Стефанија, таа е студентка на Факултетот за драмски уметности, а активно се занимава со глума во последните три години. И има голем талент, па не се сомневаме дека тоа ќе биде нејзината професионална определба.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо
Се вчитува....