12:15 - 15 април, 2026

(ФОТО) „ТАЈМ“ ГИ ПРОГЛАСИ ЗА НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Меган и Хари мета на потсмев на социјалните мрежи

меган маркл принц хари

Вчера принцот Хари го прослави својот 37. роденден. По тој повод тој и неговата сопруга Меган Маркл се појавија на насловната страница на списанието „Тајм“.Славниот пар беше вклучен во листата на 100 највлијателни луѓе во светот.

„Во свет во кој секој има мислење за луѓе што не ги познава, војводата и војвотката имаат сочувство кон луѓето што не ги познаваат“, велат од списанието „Тајм“ за својот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

„Меган и Хари ризикуваат да им помогнат на оние што имаат потреба, особено во однос на менталното здравје и да им помогнат на оние што се погодени од природни катастрофи во Индија и Карибите“, велат од престижното списание.

За оваа пригода принцот Хари се појави во црно издание – маичка со крагна и црни панталони, додека Меган позираше во бел комбинезон.

Нивната фотографија предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. И додека имаше такви на кои им се допадна фотографијата, имаше и голем број од оние кои жестоко ги критикуваа.

Ужасно се средени и фотошопирани“, „Ова мора да е шега“, „Можете да видите кој во ова семејство носи панталони“, „Зошто се крие зад неа?“, „Ова е срамно“, „По што се тие влијателни луѓе?“, беа дел од коментарите.

Веста со насловната страница беше споделена и на инстаграм-профилот на нивната фондација „Archewell“.

„Овој портрет е првата заедничка, официјална фотографија на светски познатата двојка за насловната страница на списанието“, е описот на фотографијата на која Хари и Маркл позираат во есенски амбиент.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....