07:13 - 7 ноември, 2026

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

Познатата водителка Снеже Велков раскажа интересна животна приказна, преку впечатлива и метафорична објава на Инстаграм.

Снеже испрати силна животна порака инспирирана од велигденските празници и симболиката на јајцата.

Во својата објава, таа прави паралела меѓу луѓето и велигденските јајца, делејќи ги на три типа – силни, кревки и „расипани“, нагласувајќи дека секој од нив има свое место и значење во животот. Но, најсилната порака ја упатува кога станува збор за третата категорија, потенцирајќи дека не треба да се игнорираат првичните сигнали дека нешто не е во ред.

„Лекции од велигденските јајца – исти се како луѓето. Има три вида. Едни, не попуштаат под притисок. Колку повеќе ги удираш, толку повеќе држат. Со нив знаеш на што си. И убаво е да имаш такви покрај себе. Со нив и ти си појак. Макар имал и само еден.

Други – се кршат. Кревки се… ама барем се вистински. Е со нив треба поинаку. За друго им е намената – да ти ја нахранат душичката.

А третите… смрдат. Корнат. На почеток мислиш – не е до нив. Сигурно ти се причинува. Гледаш – однадвор убави, сјајни… па си викаш „ај не е тоа“.

Ама поминува време, а „мирисот“ не поминува. Ги тргаш малку подалеку… ама не се одмирисува. Само повеќе се шири.

И тука е лекцијата: Не чекај да стане неподносливо за да си признаеш дека тука „нешто смрди“.

Значи: Не давај втора шанса на нешто што на прва не мириса добро“, напиша Снеже со неколку велигденски слики кои ги сподели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....