14:31 - 10 ноември, 2026

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Објавата на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер ги загрижи неговите бројни обожаватели низ целиот свет.

На фотографијата објавена на социјалните мрежи, музичарот позира со медицинска јака, а во пораката најави откажување на сите концерти во 2026 година поради здравствени проблеми.

Во емотивната порака, Хаусер напиша: „Ми сe крши срцето што споделувам со вас дека ги откажувам сите концерти планирани за 2026 година поради здравствен проблем кој бара итно внимание и одмор. Ова е привремена состојба и сум целосно посветен на закрепнувањето. Ви благодарам од дното на моето срце за вашето разбирање, трпение и континуирана поддршка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

„Ова не е нешто што некогаш сакав да го напишам. Навистина се радував што повторно ќе се вратам на сцената и ќе ги споделам тие моменти со вас. Толку многу љубов, работа и подготовка веќе беа вложени во овие настапи, што ја прави оваа одлука уште потешка. Следејќи го советот на мојот лекар, сега морам да го ставам моето здравје на прво место за целосно да се опоравам и да се вратам на музиката и на вас што е можно поскоро. На сите што планираа да дојдат и со нетрпение ги очекуваа овие концерти, искрено се извинувам. Ова е исто толку болно и разочарувачки за мене како што е и за вас“, додаде Хаусер.

„Ви благодарам од дното на моето срце за вашето разбирање, трпение и континуирана поддршка. Ми значи повеќе отколку што можам да кажам“, заклучи тој.

Коментарите под објавата се исполнети со желби за брзо и целосно закрепнување на различни јазици.

„Брзо и целосно закрепнување“; „Чувај се! Здравјето е најважниот капитал, никогаш не заборавајте го тоа“ и „Оздравi брзо, драг моj“, се само некои од пораките што покажуваат колку публиката е приврзана кон музичарот.

За потсетување, Хаусер имаше проблеми со вратот во минатото. Во 2016 година, тој мораше да откаже дел од својата турнеја со „2CELLOS“ поради повреда здобиена за време на енергичен настап.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....