19:47 - 25 ноември, 2026

Катерина Живковиќ покажа дел од својот луксузен дом: Една просторија посебно го привлече вниманието

Популарната пејачка Катерина Живковиќ, која минатата година за првпат стана мајка, на социјалните мрежи сподели кадри од својот дом кои јасно покажуваат во каков луксуз ужива со своето семејство, пишува „Нова“.

Живковиќ, која по потекло е од Лесковац, веднаш по натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“ се пресели во Белград каде ја изгради својата кариера. Иако на почетокот живееше како цимерка со Милица Тодоровиќ, Каќа по победата во едно реално шоу купи свој стан во Земун.

Сепак, последните години пејачката вешто го крие својот приватен живот, па точната локација на нејзиниот сегашен дом не е позната. Но, фотографиите откриваат дека станува збор за модерно опремен простор во кој доминираат светли нијанси и скап мебел.

Катарина Живковиќ – Фото: Инстаграм

Рај за секоја жена

Она што најмногу ги воодушеви нејзините следбеници е огромниот гардеробер. На фотографиите во позадина се гледа луксузна полица за чевли која изгледа како во светските модни списанија, што веднаш стана главна тема на коментарите.

Празнична атмосфера

Пејачката неодамна сподели и како се подготвува за претстојните празници во својот дом.

 „Веќе ги купив боите за јајца,  ќе бидам вистинска домаќинка. Користам класични бои од кесичка, сè уште не сум стигната до традиционалните техники со лушпи од кромид. За Велигден нема да готвам многу, туку ќе го искористам максимумот за да бидам со семејството и да уживам“, изјави таа за медиумите.

Слични објави

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо
Се вчитува....