23:17 - 7 ноември, 2026

(Фото) Славење во домот на Неда Украден: „Ти си моето најголемо богатство“

Пејачката Неда Украден денес има посебна причина за радост – нејзината ќерка Јелена го слави роденденот.

По тој повод, Украден сподели заедничка фотографија на Инстаграм и ѝ упати емотивна порака, со која ја разнежни јавноста.

„Родила мајка на денешен ден својата убавица, својата среќа, своето најголемо богатство! Среќен роденден, мила моја Јецо. Да ми живееш долго, здрава и среќна со твоите прекрасни деца и мојот зет Пеца, ти посакува твојата мајка Неда“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Јелена ретко се појавува во јавноста и е целосно посветена на семејството, но е успешна и на деловен план. Таа е директорка за маркетинг и сопственичка на салон за убавина во Белград.

Во едно од претходните интервјуа, Украден истакна дека најголема желба ѝ е да го гледа своето дете среќно и исполнето.

„Мојата желба, како и на секоја мајка, е да го видам своето дете среќно, со своја фамилија“, изјави таа.

Инаку, пејачката и нејзиното семејство живеат во Белград, додека летата ги поминуваат на море.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....