04:51 - 10 ноември, 2026

(Фото) Синот на Лепа Брена изгледа како манекен! Виктор ослабел 70 килограми, непрепознатлив е!

Фотографијата на Виктор Живоиновиќ привлече големо внимание во јавноста. Имено, синот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, кој ослабе повеќе од 70 килограми, не крие дека одлично се чувствува во своја кожа.

Фотографијата на која Виктор носи облека помала дури неколку броја, со виток стас, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а на сметка на наследникот на Брена не престануваа да се нижат комплименти.

Виктор имал дури 163 килограми, а веќе со месеци напорно работи на губитокот на телесната тежина. Како што неодамна беше откриено, Виктор ослабел повеќе од 60 килограми и се чувствува одлично.

– Виктор квалитетно се храни и тренира. Алкохол пие повремено, главно кога се некои важни прилики, но се труди да биде умерен во сè. Пред неколку години беше малку потешко бидејќи беше млад и нестабилен, но сега е зрело момче и е свесен за своите приоритети. Сега стана сериозно момче. Разликата се гледа на неговите фотографии на Инстаграм, а особено во живо. Сите три оброци се состојат од месо и салата. Исфрлил алкохол, сокови, слатки и тестенини. Откако ослабе, неговата крвна слика е подобрена – открил извор близок на Виктор, пишува „Пинк.рс“.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....