33.8 C
Скопје
16:53 - 9 септември, 2026

(Фото) Се соблече најголемата балканска ѕвезда: Еве како изгледа Цеца го костим за капење

Најголемата балканска фолк-ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, е личност која секогаш внимава на својот изглед, па многу млади девојки можат да ѝ позавидат на нејзината фигура.

За време на емитувањето на шоуто „Цеца и деца“ на телевизија Блиц, пејачката со своето семејство пред две години ги посети Малдивите, каде што имавме можност да ја видиме во костим за капење.

Цеца никогаш немала големи проблеми со вишок килограми, иако не крие дека ужива во храната и дека на нејзиното мени секогаш има разни специјалитети. Но, како што вели, со текот на годините телото се менува, без разлика на добрата генетика.

„Пред некое време почнав да се здебелувам. Се соочив со себе и си реков дека пред сè, сакам да живеам поздраво. Посетив одлична нутриционистка што ја познавам со години“, изјави Цеца во едно интервју.

 

Фото: Скриншот

Бидејќи сака месо и салати, ѝ било тешко да се навикне на новиот режим на исхрана и да ги усогласи оброците со своите обврски.

„Првата недела ми беше најтешка, бидејќи многу е важно во колку часот се јаде. Меѓу секој оброк треба да поминат три до четири часа“, објасни фолк-дивата и додаде дека умереноста е клучна во сè“, вели таа.

Фото: Скриншот

Цеца вели дека успеала да ја доведе својата линија до совршенство без строги диети или модерни методи како оземпикот, кој го смета за опасен и штетен по здравјето.

„Одлучив по 19 часот да не јадам ништо, освен да пијам вода. Понекогаш и пиво, а кога ме прашуваат како пивото не ме здебелува, велам – мене пивото ме сака! Така успеав да симнам 8,5 килограми за еден месец, без глад и без рестрикции. Се хранев нормално, само што најдоцна до 19.30 или 20 часот престанував да јадам“, објаснила таа.

Фото: Скриншот

Покрај тоа, вежбањето ѝ помогнало да ја одржи својата форма.

„Ако не стигнам на тренинг, правам брзо одење на лента, за да го раздвижам телото и да го забрзам метаболизмот. Ако постојано лежиш, нема шанса да го забрзаш метаболизмот“, заклучува Цеца.

Слични објави

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.
Се вчитува....