23:22 - 9 ноември, 2026

(Фото) Милица Павловиќ со новиот џип пристигна во Скопје и ги одржа првите проби пред утрешниот концерт во С.Ц. Јане Сандански 

Пејачката Милица Павловиќ допатува во Скопје каде што утревечер, петок, 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во С.Ц. „Јане Сандански“.

Милица Павловиќ е позната како голем професионалец кој ништо не препушта на случајноста, па таа пристигна во Македонија три дена пред концертот за да провери дали се е во ред и да одржи проби со музичарите и танчарите.

Облечена во беж бунда, Милица излегла од неодамна купениот автомобил и влегла во хотел во центарот на Скопје. Како што дознаваме, Милица и вечерва како и вчеравечер во салата Јане Сандански ќе ја одржи втората проба.

„Милица го предводеше својот тим од луѓе кои ќе работат на овој концерт. Во Скопје пристигнаа околу 120 луѓе, меѓу кои музичари, танчари, фризер, шминкер, кореограф, режисер, уметнички директор, целиот тим кој работи зад сцената.

Сетот и волонтерите кои ќе бидат дел од концертот пристигнаа исто така во Скопје во текот на ноќта“ – изјави извор близок на пејачката.

Затоа не е изненадеување ако се каже дека ова е една од најскапите концертни турнеи во регионот.

Милица в петок ќе го одржи петтиот концерт во рамки на нејзината концертна турнеја „Лав“, а публиката може да ја очекува вистински аудио-визуелен спектакл од добра музика, дузина хитови, мноштво танци и кореографии и шаренило од екстравагантни костими, сето тоа зачинето со низа спетри од светлосни и видео ефекти како и соодветна сценографија оплеменета со специјално изработени сценски елементи.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....