05:53 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ова е вонбрачниот син на Хари Варешановиќ: Пејачот имал афера, а потоа долго време го криел детето од јавноста

Пејачот Хари Варешановиќ, познат како Хари Мата Хари, не крие дека жените му се најголемата слабост, а зад себе има прељуба и вонбрачен син.

Во младоста, Хари доживеал голема љубов со Аида, со која стапил во брак на крајот од 1983 година, кога имал само 19 години. Од тој брак ја добиле ќерката Наѓа.

Во едно интервју, Варешановиќ призна дека во тој период бил премногу млад и неподготвен за улогата на татко, а речиси една деценија подоцна, во 1994 година, со Аида добил и син, Дамир.

Сепак, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот во 1992 година добил и вонбрачен син, за кого и самиот Хари дознал многу подоцна, што беше само една од причините за распадот на неговиот прв брак со Аида.

Фото: Фејсбук

Во 2006 година, во интервју за „Пулс“, пејачот отворено зборуваше за природата на својот прв брак со Аида.

— Во музиката влегов поради музиката, а не поради работите што ја следат. Никогаш немав проблеми со дрога, алкохол и коцка. Единствено не се спасив од жените, а тоа е еден од несаканите ефекти што доаѓаат со музиката – и тоа ми е најдрагиот порок. Со сопругата имав мали несогласувања, но ретко. Секогаш ѝ велев: „Кој ти е крив. Сама ме избра. Ти ме избра мене, не јас тебе“. Веќе на 20 години бев дефиниран како музичар и мојот животен пат беше познат. Сепак, сè во животот може да се преброди и надмине. Со сопругата останав во компромисен брак – поради децата — изјави тогаш Хари, додавајќи дека веќе десет години живее на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која во 2010 година стапил во брак, откако се развел од Аида.

— Сè што било порано би го припишал на младоста и лудоста. Младите прават едни работи, средните години носат други — изјави Хари пред неколку години за „Глорија“.

Вобрачниот син се ожени во 2017 година, а пејачот беше главниот организатор на свадбата.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....