15:53 - 29 јули, 2026

(Фото) Никој не ѝ е рамен: Прија го распродаде и петтиот концерт во Загреб, Хрватите обожаваат турбофолк

Дефинитивно, Хрватите ја сакаат турбофолк музиката, иако им е тешко да признаат.

Доказ за тоа е дека Александра Пријовиќ, една од најголемите турбофолк ѕвезди во регионот, го распродаде и петтиот последователен концерт во Загреб.

Имено, пејачката ќе одржи пет концерти во Загрепската арена – на 1, 2, 3, 4 и 6 декември.

„Петта Арена, петта вечер на љубовта и пет пати благодарност! Јас сум горда и ви благодарам од дното на моето срце за количината на љубов и поддршка што ми ја давате. Не знам што друго да ви кажам, освен дека ве сакам и дека едвај чекам да уживам и да создадам спомени кои ќе ги негуваме и засекогаш ќе ги паметиме. Верувајте дека секоја вечер во Загреб ќе биде посебна“, им порача Пријовиќ на своите фанови пред еден месец преку Екстра ФМ, кога гостуваше во Загреб, откако распродаде четири Арени.

Фото: Инстаграм/Екстра ФМ

Пријовиќ неодамна три вечери по ред ја воодушевуваше сараевската публикам, а претходно одржа три белградски концерти во арената Штарк.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ откри што ѝ се случило додека пловела на Јадранот

Е.А.

Катарина Грујиќ ја каснал питон од 40 килограми додека снимала видео, снимателите почнале да бегаат, таа врескала

Еспресо

Моќен бизнисмен го освои срцето на Бресквица – новиот партнер е најпосакуваниот ерген во Белград!

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ објави фотографии од свадбата со Раста: „Помина сè и што остана?“

Еспресо

„Се смеевме, а потоа настана молк“ — Емина Јаховиќ за периодот кој за малку целосно ќе ја скршеше

Е.А.

Оливера Катарина беше погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Е.А.
Се вчитува....