26.8 C
Скопје
18:00 - 18 мај, 2024

(Фото) Ѕирнете во домот кој Аца Лукас ѝ го остави на поранешната сопруга: Огледалото е центарот на светот!

Аца Лукас по разводот реши да се исели од вилата во која живееше со Соња и нивната ќерка.

Познато е дека Аца Лукас има турбулентен живот полн со падови и подеми во кариерата, но и во емотивниот живот, а тоа самиот го објасни во својата книга „Тоа сум јас“,  во која меѓу другото пишува како се вљубил за миг и веднаш се оженил. Така, првата љубов Светлана ја однел пред олтар, со само дваесетина години. Набргу ја добиле ќерката Милјана и синот Лазар, кои по разводот останале со мајка им.

Во 1999 година Аца ја запознал Наташа поради која сосема ја оставил Светлана. Иако никогаш не се оженил со Наташа, ја смета еднаква со останатите сопруги, а од љубовта го добиле синот Андреја.

Последен пат судбоносното „да“ го кажал на поранешната сопруга на својот колега Жељко Шашиќ, Соња, но и таа голема љубов доживеа пораз. Таа продолжи да го носи неговото презиме и по разводот. Во меѓувреме, тој се преселил во стан, додека Наташа и ќерката останале во семејната вила нво населбата Бежанска коса во Белград.

инстаграм

 

Со оглед на тоа што Соња на Инстаграм е активна, таа често објавува и детали од својот дом каде што живее со ќерка си – дом подарен од љубовта Аца Лукас.

Омилен детаљ ѝ е огледалото кое се протега по целиот ѕид, а во кое покрај совршените аутфити во кои се фотографира позирајќи пред оглдалото, може да се види и целата дневна соба, украсена во бајковит стил. За време на празниците, оваа соба изгледа уште поволшебно.

Лукас во својата книга „Ова сум јас“ детално опиша како изгледаат неговите кавги со Соња – „Почнуваат кавги. Страшно. Се разбира, и двајцата грешевме, но не ги признавме грешките. Низ кавгата сфатив дека почна да се враќа стариот Аца кој си кажува тоа што го мисли и кој прави што сака. И бидејќи тоа беше забрането почнав да доаѓам дома пијан, декинтиран, дрогиран. Аца во најлошото издание! И полека се почна да губи смисла. Таа набројуваше во кавгите што се сум јас. Страшни ни беа расправиите. А тие расправии беа пред децата. Од дерење вените на вратот ни никнуваа и се чувствуваме дека ќе експлодираат. Тврдоглави двајцата, не прифаќаме наш дел од вината. Страшни реченици.Ја сакам, и ја навредувам. Кога сакав да си заминам ми „влета“ в лице: „Да не сакаш да ме удриш?!“ Поган јазик дури и за гневна жена “, напиша Лукас и додаде дека тогаш се изјаснил за невин за семејно насилство и добил една година, односно условно три години, а Соња никогаш не сакала да ги коментира овие наводи.

Слични објави

(Фото) Пристигна бебето! Поранешниот на Емина Јаховиќ објави преслатка фотографија од приновата во семејството

Еспресо

Ќе ги покрие љубовен бран: Три хороскопските знаци со најголема среќа во љубовта ова лето

еспресо

(Фото) Тони Бијелиќ во ситните часови ја покажа неговата единствена девојка: Драгана Мирковиќ сепак не е минато!

еспресо

(Фото) „Овде имало многу пукање“: Никола Роквиќ објави шокантна глетка по патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно во јавност по гласините за развод: Тој со цвеќе во рака, таа насмеана

еспресо

Неделен хороскоп (од 20 до 26 мај): Нова ера за Близнаците, одлични вести за Лавовите, комплициран период за Рибите

еспресо
Се вчитува....