19:43 - 7 септември, 2026

(Фото) Никој не ѝ е рамен: Прија го распродаде и петтиот концерт во Загреб, Хрватите обожаваат турбофолк

Дефинитивно, Хрватите ја сакаат турбофолк музиката, иако им е тешко да признаат.

Доказ за тоа е дека Александра Пријовиќ, една од најголемите турбофолк ѕвезди во регионот, го распродаде и петтиот последователен концерт во Загреб.

Имено, пејачката ќе одржи пет концерти во Загрепската арена – на 1, 2, 3, 4 и 6 декември.

„Петта Арена, петта вечер на љубовта и пет пати благодарност! Јас сум горда и ви благодарам од дното на моето срце за количината на љубов и поддршка што ми ја давате. Не знам што друго да ви кажам, освен дека ве сакам и дека едвај чекам да уживам и да создадам спомени кои ќе ги негуваме и засекогаш ќе ги паметиме. Верувајте дека секоја вечер во Загреб ќе биде посебна“, им порача Пријовиќ на своите фанови пред еден месец преку Екстра ФМ, кога гостуваше во Загреб, откако распродаде четири Арени.

Фото: Инстаграм/Екстра ФМ

Пријовиќ неодамна три вечери по ред ја воодушевуваше сараевската публикам, а претходно одржа три белградски концерти во арената Штарк.

Слични објави

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо
Се вчитува....