13.8 C
Скопје
11:39 - 11 март, 2026

(ФОТО) БРАЌА МАНАКИ ВО БИТОЛА: Најубавата битолчанка Каролина Гочева е, па, најубава на црвениот тепих!

Нашата позната пејачка, Каролина Гочева заблeска на црвениот тепих на отворањето на „Браќа Манаки“.

Гордата битолчанка блескаше во креакција на македонската дизајнерка Јована Филиповиќ во елегантен црн фустан со долги ракави, висок шлиц и длабоко деколте.

Совршената фризура и шминка на пејачката беше дело на артистите Октај Сејди и Ксенија Вангеловска, а сето тоа да изгледа совршено се погрижи долгодишната стилистка на Каролина, Цаци Паковска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Сите погледи беа вперени во Гочева, која блескаше на црвениот тепих, а потоа заедно со нејзиниот сограѓанин и соработник Никола Мицевски настапи на сцената во Пациото на Завод и Музеј – Битола.

Гочева ги изведе незаборавните „Over the Rainbow“, „Perfect Day“ и „Kiss from a Rose“ со која ги разнежни гостите на 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

По настапот Каролина се обрати до публиката и своите сограѓани:

„Пред да си одам од бина, сакам да кажам колку големо задоволство ми е што сум вечерва овде, затоа што, како битолчанка, уште од дете многу често, скоро секоја година, приватно сум го посетувала Фестивалов, но оваа година првпат добив официјална покана и сакам да се заблагодарам на организаторот што се сетија на мене. Фала ви. Вечерва ви отпеав неколку музички нумери од филмови, од различни временски периоди, а во тоа ми помогна мојот долгогодишен соработник и пријател, исто така битолчанец, Никола Мицевски“, рече Каролина.

Слични објави

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо
Се вчитува....