12.8 C
Скопје
06:39 - 13 октомври, 2026

(ФОТО) МАКФЕСТ 2021: Александра пред настап, гордоста на струмичани ни открива детали за вечерва

 Александра Јанева која многумна ја нарекуваат девојка со ангелски глас вечерва настапува на ,,Макфест”. Победничката на Макфест 2016 и со право кажано – гордоста на струмичани, ни открива детали за вечерашниот настап.

Стајлингот го осмисли Милена Танаскоска, а за шминка и фризура ќе се погрижи Драган Гоцев., фото – приватна архива

Во екот на финалните подготовки , како се чувствуваш?

– Возбудата секогаш е присутна кога се промовира нова песна. Поготово, кога после 5 години се враќаш на фестивалската сцена и  публиката која ти го дала првото признание и поддршка, чувствуваш поголема одговорност.

Со каква композиција ќе се претставиш на публиката?

– Денот што ни носи…Песната е тотално јас. Премногу емотивна, тешка балада.

Разделбите со блиските се нешто што најтешко ми паѓа. Ќе го почувствувате тоа дури ја слушате.

Инаку, песната живее и се слуша на моите „гаџети“ веќе подолго време и едвај чекамда ја слушнат сите, многу ми е драга.

Што очекуваш од себе и настапот на ,, Макфест”?

– Макфест е првиот фестивал на кој што настапив. Таа слика од дебитантот на големата сцена секогаш ми буди слатки спомени и со насмевка ги дочекувам сите нови изданија.

Иако се сметам себеси за „overthinker’, овој пат не се оптоварувам со мисли и очекувања. Знам само едно, тука сум за да ја споделам емоцијата со публиката. Да ја пренесам песната и нејзината приказна во полн ефект, да ги допре нивните срца. (се смее, н.з).

Сама на сцена или со некаква сценска точка?

– Александра е сама, но само визуелно. Хаосот во мислите ќе ја придружува низ целата песна. (радосна е, н.з).

Кој ќе се погрижи за твојот изглед?

– Како и досега, комплетно се препуштам на тимот што ме познава најдобро. Стајлингот го осмисли Милена Танаскоска, а за шминка и фризура ќе се погрижи Драган Гоцев.

Какво е чуството после две победи на најеминентниот македонски фестивал, повторно да учествуваш?

– Притисок не чувствувам од другите, туку знам самата на себе да си го направам, барајќи ја најдобрата верзија од себе. Одговорност и предизвик е да се надминам себеси, сега и со секој нареден проект.

Те плаши ли конкуренцијата или напротив, те охрабрува?

– Имав прилика да слушнам неколку песни и сите беа пријатни за слушање, модерни и песни кои уште утре би си ги ставила во плејлиста. Многу се радувам на нова македонска музика! (радосна е, н.з).

Притисок не чувствувам од другите, туку знам самата на себе да си го направам, барајќи ја најдобрата верзија од себе., фото- приватна архива

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо
Се вчитува....