7.8 C
Скопје
02:29 - 30 март, 2026

ФОТО: На раката на Ана заблеска дијамант – Бен Афлек повторно се жени?

Својата нова избраничка тој брзо ја запозна со децата од пропаднатиот брак со Џенифер Гарнер, родителите, пријателите, а веќе започнаа и заедно да живеат…

Актерот бен Афлек (48) на почетокот на годината ја започна врската со младата актерка Ана де Армас. Од згодната Кубанка тој сега не се одделува, а парот сега со еден потег ги загреа тврдењата дека наскоро се подготвува и венчавка.

Дека е лудо заљубен во 32-годишната Кубанка, која ја нарекуваат Софија Лорен на новото време, Бен не крие полни 11 месеци, колку што тие се во врска, Својата нова избраничка тој веднаш ја запозна со децата од пропаднатиот брак со Џенифер Гарнер, со родителите, пријателите, а веќе започнаа и заедно да живеат.

Чекор по чекор, изгледа дека дошло и до „клучното прашање“. Се шушка дека Бен Афлек клекнал на колена со судбинското прашање, бидејќи на раката на Ана е воочен голем дијамантски прстен.

Фото: Инстаграм

За време на снимањето на новите сцени од филмот „Deep watеr“ во кој играат заедно, Афлек и Армас буквално уживаат поминувајќи го времето заедно, користејќи го секој слободен момент, а кога камерите ќе згаснат, тие разменуваат нежности.

Фото: Профимедиа

Така папараците ги фотографираа на балконот во Њу Орлеанс, каде се снима филмот, во романтична прегратка, бакнежи и страсни погледи. Освен тоа, вниманието го украде и споменатиот прстен, за кој се уште не се знае дали е накит од сетот или 48-годишниот актер повторно решил да се жени.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....