8.8 C
Скопје
23:22 - 18 октомври, 2026

Љубов од раните дваесетти години: Вака изгледа ќерката на Горан Бреговиќ, која ја доби со танчерка од Сараево

Еден од најпознатите композитори во регионот, автор на филмска музика и поранешен фронтмен на „Бело дугме“, за време на својата кариера зборуваше за се, па така и за дрогата, сопственото порно видео и љубовните авантури. Страста кон жените му се јавила уште на 17 години, кога започнал да свири. Во раните деведесети тој запловил во врска со за јавноста непознатата танчерка Јасенка, а од таа љубов се родила и неговата ќерка Жељка, за која малку се знае.

Поранешниот фронтмен на групата „Бело дугме“, Горан Бреговиќ со вонбрачната ќерка денес е во одлични односи. Жељка не се експонира во медиумите, само понекогаш објавува нешто на социјалните мрежи.

Кога последен пат таа објави фотографија од себе на Фејсбук профилот пријателите и коментираа дека изгледа убаво и и порачаа дека е време да „најде некој Босанец“. Ќерката на Бреговиќ коментираше дека „во љубовта се уште верува“, а во бракот малку помалку.

Жељка Бреговиќ завршила факултет за дизајн, а со години живее во Виена. Судејќи според објавите, една од нејзините ќерки повлекла гени од дедото и свири пијано.

Фото: Инстаграм


Покрај неа, славниот музичар со сопругата Џенана има три ќерки, Лулу, Ема и Лолу.

„Моите деца, кога беа мали, тие за време на Бајрам беа муслимани, бидејќи тогаш се добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани бидејќи и за тоа се добиваа подароци. Сега повеќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет е будист. Тоа, нормално, не ми пречи. Моите дека ќе бидат Французи, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион“, изјави Бреговиќ

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....