06:05 - 10 ноември, 2026

(Фото) Македонец ѝ креираше златен корсет на познатата „Росалинда“: Талија во провокативно издание како Мадона

Нашиот дизајнер Златко Јовановски ѝ направи креација на најголемата мексиканска ѕвезда Талија, која на македонската јавност ѝ е позната по теленовелата „Росалинда“.

Талија присуствуваше на концерт на Мадона во Њујорк и се појави во модно издание инспирирано од кралицата на поп-музиката, а со потпис на нашиот дизајнер.

Имено, Јовановски ѝ дизајнираше впечатлив корсет во златна боја, кој само ја надополни успешната трансформација на Талија, која сакаше да потсетува на Мадона од осумдесеттите години.

„Како девица“, напиша Талија, алудирајќи на големиот хит на Мадона – „Like a Virgin“ од 1984 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thalia (@thalia)


И самиот Јовановски сподели фотографии од нејзиниот изглед и отворено го покажа неговото воодушевување.

„Вистинската дива Талија повторно носи парче од нашиот бренд. Овој златен корсет изгледа одлично на неа“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatko Jovanovski (@jzj_zlatko_)

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....