05:55 - 10 ноември, 2026

(Фото) Се караше со Карлеуша, а сега „работи“ на улица: Душко Тошиќ во невидено издание

Душко Тошиќ сподели видео кое насмеа и воодушеви многу негови следбеници.

Пред неколку месеци домашната јавност со денови зборуваше за врската помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, кого пејачката во едно од последните интервјуа за медиумите го нарече “животна грешка”.

Пејачката потоа истакна дека фудбалерот „на секој начин се обидува да ѝ го отежне животот“, а Душко набрзо одговори со цитат од Иво Андриќ. Карлеуша ни тогаш не му остана должна, па на Инстаграм напиша дека медиумите му се поважни од семесјтвото, а потоа работите се смирија. Јелена откри дека нивната врска е турбулентна, но дека не е точно дека се разведуваат и дека и понатаму живеат заедно, а Душко се повлече од медиумите.

Душко ретко се огласува на Инстаграм, а сега ги изненади сите кога објави видео како пече плескавици на скара на улица. Фудбалерот е во Турција, а не се двоумел да влезе во делот на ресторанот за скара и да им „помогне“ на вработените. Видеото ги изненади, но и воодушеви сите, бидејќи Душко покажа дека приватно е ист како и остатокот од нормалниот свет.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....