17.8 C
Скопје
14:45 - 18 октомври, 2026

(Фото) Кристина Ковач брутално нападната поради објавата за Лијам Пејн: Бевме пријатели, дрогата го уништи…

Поради објавата за трагично починатиот британски пејач Лијам Пејн, Кристина Ковач стана главна тема на денот на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, каде беше жестоко осудена поради нејзините зборови.

Српската пејачка Кристина Ковач на својот инстагрампрофил се прости од светската ѕвезда Лиам Пејн, кој почина прексиноќа откако падна од третиот кат од балконот на хотелската соба во која престојуваше.

Имено, таа на својот профил објави негова фотографија со текст:

– Мили Боже, кутро дете. Да скокнеш или да паднеш од 3. кат… Бевме пријатели на Фејсбук на мојот странски профил, имаше лажно име… Изгледаше како добро дете, жал ми е што дрогата и алкохолот изгледа го скршиле.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)


Поради оваа објава, Кристина стана главна тема на денот на социјалната мрежа Икс, каде беше остро осудена бидејќи нејзините зборови се недолични и дека со нејзината објава и тврдењето дека се пријатели, имала само намера да ги привлече вниманието на јавноста, а не навистина да се збогува со популарната ѕвезда.

– Странски профил? Лажно име? – гласел описот на објавата на еден корисник на споменатата платформа кој бил шокиран од зборовите на пејачката.

Судејќи според коментарите, Кристина станала предмет на потсмев и осуда, а коментарите само се нижеле:
„Боже прости ми, но рикам од смеење“, „О, каква тажна приказна за позната личност која преку лажен профил го знае лажниот профил на позната личност која извршила самоубиство“, „Луѓето обожаваат да се закачат на мртви луѓе за гребење за пет секунди слава“, „Дали реално напишала вакво нешто?!“, „Кутрата, колку е постара, толку е полуда“, се некои од нив.

 

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....