18.4 C
Скопје
23:50 - 18 јуни, 2026

(Фото) Која е Мадалина Генеа, новата Софија Лорен со бујна убавина која одзема воздишки каде и да се појави

35 годишната убавица, родена во Романија, меѓу Италијанците е веќе Италијанка (а има и италијанско државјанство), се повеќе ја освојува актерската сцена а моментно важи за една од најубавите жени во светот.

Личи на раскошната Софија Лорен, во Италија е добро позната веќе цела деценија, но светот ја запозна преку малата улога на Софија Лорен во минатогодишниот блокбастер „Куќата на Гучи“.

Глумицата и манекенка Мадалина Генеа годинава го освои и црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, оставајќи бројни воздишки зад себе.

Но каја е Мадалина?

Кога била мала, самата своевремено рече, сите ја задевале споредувајќи го нејзиното тело со она на Олива од „Попај“. Манекенката и актерка, стана позната пред се во Италија, благодарение на учеството на фестивалот Санремо во 2016 година.

Родена на 8 август 1987 година во знакот на Лав, во Слатина, Романија, Мадалина Дијана Генеа од детството е страсна за танцот и музиката, а потоа учи пијано цели 7 години. На само 15 години таа ја започнала својата кариера во светот на модата освојувајќи ги миланските модни писти.

Пресвртот дојде кога таа беше избрана како лице за телевизиска реклама на позна телефонска компанија каде позира со суперзгодниот манекен од светски глас Раул Бова. Набргу потоа, таа е ѕвезда во спотот на ѕвездата Ерос Рамацоти за песната „Ил темпо тра ди нои“, за набргу потоа да блесне во Календарот Перони. Тоа ѝ ги отвора патиштата во толку посакуваната насока – филмот. Како глумица се појавува во неколку италијански филмови.

Покрај кариерата и неверојатната убавина, Мадалина честопати беше во жолтиот печат поради нејзините флертувања и нејзиниот приватен живот. Убавата актерка беше свршена околу една година со фудбалерот Кевин Принс Боатенг. Подоцна таа беше во романтична врска со две холивудски ѕвезди: Џерард Батлер и Мајкл Фасбендер. За кратко време, потоа, таа стане блиска пријателка, а веројатно и многу повеќе од пријателка, со дизајнерот Филип Плејн.

Од 2016 година, момче на Мадалина Генеа е Матеи Стратан, романски бизнисмен со кој таа доби ќерка во 2017 година. Нивната приказна, сепак, заврши во март 2019 година.

Во декември 2020 година, се огласи веста за наводна афера со фудбалерот на Рома, Николо Ѕаниоло, 12 години помлад од неа. Врската заврши во центарот на вниманието, но неколку дена подоцна актерката категорично негираше, потпирајќи се и на своите адвокати за заштита на нејзиниот имиџ.

На социјалните мрежи има бројна публика која го следи секој нејзин чекор, секоја фотофрафија…Над 1 милион фанови воздивнуваат за оваа бујна убавица.

Слични објави

Драгана Мирковиќ проговори за 8-месечната внука: Првиот збор ѝ е „бабо“, тоа ми е најдрагата титула

E.A.

Сузана Манчиќ се прости од Лидија Маниќ: Смртта на поранешната мис Југославија ја потресе јавноста

Еспресо

(Фото) Северина во високо друштво и во високи поптетици го гледала натпреварот помеѓу Хрватска и Англија

Еспресо

„Татко ми се срамеше кога открив дека израснал во дом“ – Слаткар со лична семејна приказна

Еспресо

Шако Полумента тврди дека неговата сопруга е „света“, но ја изневерувал каде што стигнал: „Таа знае за сите мои љубовници“

Еспресо

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Еспресо
Се вчитува....