21:40 - 9 јануари, 2026

(ФОТО) ЌЕРКАТА на АНДРИЈАНА АЛАЧКИ го прослави 33-тиот РОДЕНДЕН: Пејачката по тој повод сподели фотографии од семејниот албум

Нашата позната пејачка на народна музика Андријана Алачки на својот инстаграм-профил објави фотографии од семејниот албум со својата ќерка Грациела. Поводот за овој прекрасен колаж е 33-тиот роденден на нејзината ќерка Граци благодарение на која Андријана е горда баба.

„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци
15. март 1989 ..дојде на свет душата мајкина, белата самовила… немаше посреќна мајка од мене…сонот мој стана јаве..ти благодарам Господе…веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас” постои нејзиното височество ,, таа”… првиот плач, солза, чекор, збор…кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател… без интереси, без услови… кога зборот и е алтан … умот како универзумот … душата како океаните..да може ćе да собере … таа стана мојот идол… но кога се подготвува бура..таа умее да ги распне своите едра … и да му пркоси на ветрот и невремето …. е таква е мојата Граци ….среќа мајкина.  Сине да ти е среќен роденденот..да си ми здрава и жива..да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство… дај Боже и ти да си толку горда мајка..како јас со тебе ..
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА“ – напиша Андријана во описот на семејните фотографии.

Покрај обврските како баба, пејачката е особено посветена на својата кулинарска емисија наречена „Вкусот на традицијата“. Бројни патувања надвор од границите на нашата земја, многу гости и вешти жени и илјадници рецепти кои ја негуваа нашата традиција.

Покрај Грациела, Андријата е горда мајка и на синот Благоја. До 2011 година Андријана беше во брак со нашиот познат хармоникаш и композитор на фолк – музика, Горан Алачки.

Среќен роденден Граци!

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....