18:41 - 7 ноември, 2026

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Македонскиот фолк-пејач Јордан Митев и неговата сопруга Славица имаа двоен повод за славење – нивниот син Кристијан наполни една година, а истиот ден беше и крстен.

Малиот Кристијан е роден на големиот христијански празник Крстовден, па неговиот прв роденден семејството го одбележа токму на празникот, заедно со неговото крштевање.

По тој повод, Митев сподели фотографии од семејната прослава и му упати емотивна порака на својот син.

„Сине мој, нека ти е честито и благословено светото крштевање, нека ти е вечно името и среќен 1-ви роденден. Господ секогаш нека биде со тебе и нека те води по правиот пат. Сè што сакав друго да ти кажам и да ти посакам го има во песната што ти ја посветив, за секогаш да те потсетуваат моите зборови. Амин“, напиша пејачот.

Фото: Фејсбук/Јордан Митев

Јордан на својот син му посвети и песна, преку која ги преточи своите желби и пораки за неговата иднина.

Пејачот и неговата сопруга Славица ја имаат и ќерката Кристина. Таа се роди во периодот кога Митев беше на турнеја во Австралија, а пејачот претходно ѝ посвети песна и нејзе.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....