04:28 - 8 ноември, 2026

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Српската пејачка Јелена Карлеуша во последните денови неколкупати беше видена во друштво на 23-годишниот Александар Шево, поради што во регионалните медиуми се појавија шпекулации дека меѓу нив можеби има нешто повеќе од пријателство.

Станува збор за млад човек кој работи во модната индустрија, а јавноста веќе имала можност да го види покрај Карлеуша.

Александар се појавува во нејзиниот спот за песната „Balkan Boy“, а според српските медиуми, двајцата се запознале преку заеднички соработници.

Александар има 23 години и е 25 години помлад од Карлеуша. „Информер“ пишува дека потекнува од имотно семејство и дека е посветен на работата, но не сака премногу да се експонира во јавноста.

Во последниот период Карлеуша и Шево сè почесто се појавуваат заедно. Освен за време на ноќни излегувања, Александар бил забележан и како ја придружува пејачката на нејзините професионални обврски и ја носи на снимањата на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“.

Нивна заедничка фотографија неодамна објави и македонскиот шоумен Боки 13.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Шпекулациите дополнително се засилија откако Александар ја пречека Карлеуша на белградскиот аеродром по нејзиното враќање од Салцбург. Тој дошол со автомобил по неа, а потоа заедно заминале од аеродромот.

Сепак, Карлеуша досега не потврдила дека е во љубовна врска со 23-годишниот Александар. Напротив, откако започнаа гласините за нивниот однос, пејачката изјавила дека тој е нејзин добар пријател и дека меѓу нив нема романса.

Нивното познанство е поврзано и со работата. Александар учествувал во снимањето на спотот за „Balkan Boy“, а новите проекти и соработката, според пишувањата на српските медиуми, придонеле двајцата да поминуваат повеќе време заедно.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....