7.8 C
Скопје
00:37 - 20 октомври, 2026

ФОТО: Инвестираат милиони во декорациите и се натпреваруваат со раскошот – Новогодишните елки на познатите лица се вистински спектакл

Во овој домен дефинитивно на првото место се наоѓаат сестрите Кардашијан – Џенер…

Славните холивудски личности, риалити ѕвезди и манекенки инвестираат многу пари во новогодишната декорација, сакајќи нивната новогодишна елка да изгледа колку што се можно пораскошно и побајковито.

Фото: Инстаграм

Имено, некои од познатите личности инвестираат милиони долари со цел да го декорираат и осветлат својот дом и имот, а истиот случај е и со елката, која секогаш треба да изгледа совршено.

Фото: Инстаграм

Изгледа дека познатите се натпреваруваат и во димензиите и во раскошот на елката, а во овој домен на првото место дефинитивно се наоѓаат сестрите Кардашијан-Џенер.

Фото: Инстаграм

Тие веќе неколку години се синоним за претерување во речиси се, па така и претерано декорираат за претстојните празници, а за тоа трошат неверојатна сума на пари.

Фото: Инстаграм

Најмладата милијардерка во светот и член на кланот Кардашијан – Џенер, Кајли Џенер го ангажираше дизајнерот Џеф Литам да ја осмисли нејзината празнична декорација во луксузната вила во која живее.

Фото: Инстаграм

Нејзината мајка Крис Џенер потроши 28.000 долари на божиќните украси кои стоеа само еден месец, а зад ова семејство во трошењето на пари на декорации не заостанува ниту „кралицата на божиќните песни“ Мараја Кери.

Фото: Инстаграм

Таа купува елки кои се исклучително повисоки од пет метри и секогаш има по неколку новогодишни елки декорирани по нејзина желба.

Поради песната „All I Want For Christmas Is You” оваа пејачка секоја година е побогата за еден милион долари врз основа на авторските права и тоа е убедливо најслушаната песна во светот за време на новогодишните празници.

Фото: Инстаграм

Освен споменатите ѕвезди, големи средства на огромни елки инвестираат и ангелот на Викторија Сикрет – Алесандра Амброзио, Бритни Спирс, манекенката Емили Ратајковски, Џенифер Лопез , Дрејк и уште многу други.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....