16.8 C
Скопје
11:08 - 6 октомври, 2026

Изненадете го семејството со вкусен ручек: Пилешки копани со мед и сок од портокал

4 пилешки копани
1 портокал
4 лажици соја сос
1 лажица мед
црн бибер
сол
рузмарин

Подготовка:

Во сад, ставете го исцедениот сок од портокалот, а потоа во него додајте ги црниот бибер, солта, соја сосот, медот и рузмаринот. Сето тоа убаво измешајте го.

Пилешките копани убаво измијте ги и ставете ги да отстојат околу еден час во вака подготвената маринада. Откако ќе помине потребното време, извадете ги копаните од маринадата и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 45 минути.

Вака подготвените копани, можете да ги јадете со сезонска салата и со неколку печени компирчиња.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....