01:11 - 5 ноември, 2026

(ФОТО) ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ СО ДЕЦАТА УЖИВА ВО СНЕЖНАТА ЛАПОНИЈА: Роналдо не обожава снег?

георгина родригез

Помалку од два месеци откако Георгина Родригез и Кристијано Роналдо објавија дека очекуваат близнаци, Родригез ги однесе четиригодишниот Алана и малку постарите близнаци Ева и Матео, како и 11-годишниот син на Роналдо, Кристијано Џуниор, на патување во Лапонија.

СРЕЌНА ВЕСТ: Кристијано Рондалдо и Георгина Родригез очекуваат близнаци

На бајковитите семејни фотографии што 27-годишната Џорџина ги сподели на својот инстаграм-профил, го нема познатиот 36-годишен фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Најсреќната мајка на светот. Не можеме да замислиме поголемо задоволство. -15 Целзиусови љубов“, напиша Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Облечена во скијачки костим од луксузниот бренд „Cortina“, Георгина ужива во снежните пејзажи на татковината на Дедо Мраз.

Секако, посетата на Лапонија не можеше да помине без да се запознае нејзиниот најпознат жител, во чиј скут уживаа четиригодишните близнаци и Алана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина пред два дена на својот инстаграм-профил се пофали и со бајковити сцени од Северниот пол до кои веселото друштво стигна на санки влечени од ирваси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Најстариот син на Роналдо, Кристијано Џуниор е роден во 2010 година во САД. Идентитетот на неговата мајка е непознат, а малото дете веднаш се преселило во Мадрид за да порасне со својот татко во Шпанија. Во јуни 2017 година, тогаш сè уште ѕвезда на Реал Мадрид, Роналдо ги изненади фановите со веста дека неговата сурогат мајка ги родила близнаците Ева и Матео. Само еден месец подоцна, Кристијано и Џорџина објавија дека го очекуваат своето прво дете, а ќерката Алана ја добија на 12 ноември 2017 година.

ТАЖНОТО МИНАТО НА ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ: Пораснала во голема сиромаштија, татко ѝ бил во затвор, мајка ѝ починала…

Кон крајот на октомври, Џорџина и Кристијано ја открија среќната вест дека очекуваат близнаци, кои ќе бидат второ и трето заедничко дете на парот, од вкупно шест што ги има славниот португалски фудбалер.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....