11.8 C
Скопје
13:48 - 27 октомври, 2026

РИТАМ И СЕКС: Зошто е добро да водите љубов со музика

И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство, поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности. Откако постојат музички уреди луѓето создаваат специјални компилации од песни за интимни моменти со своите партнери, пренесува „Psychology Today“.

Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме

Луѓето не реагираат на музика свесно, туку спонтано. Кимаат со главите на нејзиниот ритам и свират или пеат некоја заразна мелодија, а често и потпевнуваат, без разлика дали се во друштво или сами. Музиката ни дава чувство на слобода, што е подеднакво важно за време на водење љубов, кога секое претерано размислување е излишно.

Слушањето музика го намалува стресот

Стресот е голем непријател во кревет. Може да нè спречи да се возбудиме доволно и воопшто да имаме сексуални односи. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите кои ни ги окупираат мислите и ги саботираат интимните моменти со партнерот.

ПОСТОЈАТ 8 ВИДОВИ НА ЖЕНСКИ ОРГАЗАМ: Инструкции како да ги доживеете

Слушањето музика уште повеќе ги поврзува партнерите

Кога се пуштаат песни што ги сакаат и двајцата партнери, истовремено ги обзема чувството на задоволство и меѓу нив се создава многу подлабока врска, отколку да водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, ќе се сеќаваат на моментите во кревет со саканиот и повторно ќе чувствуваат поврзаност.

Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во кревет

За целосно задоволување на двајцата партнери за време на сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина слушате соодветна музика од сензуални тонови и пулсирачки ритам.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Убавите жени се опасни по машкото здравје

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....