12.8 C
Скопје
12:27 - 19 април, 2024

Проклетство, болест, несреќа: Пет култни филмови кои можеле да не бидат снимени! (ВИДЕО)

Филмската индустрија изоболува со бројни култни филмови кои се еднакво популарни денеска како и пред многу години кога биле снимени.

Сепак, иако денеска се многу популарни и заработиле милиони, многу од овие филмови можело и воопшто да не бидат снимени.

Ви претставуваме пет култни филмови чие снимање многу лесно можело да се прекине:

1. „Psycho“ (1960 година)

Бидејќи на реализаторите на филмот не им се допаѓала книгата по која тој е и снимен, филмот бил правен со многу мал буџет.

За да се намалат трошоците, филмот бил снимен во црно-бела техника, а денеска „Psycho“ е филм кој го ценат сите елитни филмски критичари.

Филмот дури се наоѓа на листата на најдобри филмови на сите времиња.

2. The wizard of Ox (1939 година)

Овој современ филм морал да помине низ многу перипетии и вистинско чудо е како на крај и воопшто е снимен. На филмот работеле четворица продуценти и тројца режисери, пред тој да се појави во јавноста. Ричард Торп, првиот режисер, добил отказ откако Бади Епсен се отрул од шминката за Лимениот човек, а снимањето било прекинато на две недели.

Торп е заменет со Џорз Кјурк, кој набргу потоа го напуштил филмот за да работи на друг проект. На негово место дошол Виктор Флеминг, но не за долго. Наводно Џорџ Кјукор го прекинал и новиот проект, откако се слушнале гласини дека е хомосексуалец. По ова, Торп се вратил на снимањето на „The Wizard of Oz“ за филмот конечно да биде реализиран. 

3. „Pulp Fiction“ (1994 година)

„Ова е најлошата работа која некогаш е напишана. Нема никаква смисла: Некој е мртов, па потоа е жив. Предолг е и многу насилен“.

Вака зборувале за филмот луѓето во студиото Тристар, кога писателите Роџер Авари и Квентин Тарантино им го предале сценариото. Директорите на студиото, очигледно не биле љубители на нелинеарни приказни, нешто што на крај го направи овој филм култен.

Се зборува дека да не бил злогласниот продуцент Харви Вајнстин, како и неговиот брат Боб од студиото Мирамакс, филмот никогаш немало да биде снимен.

Квентин доби апсолутна дозвола да го направи филмот токму каков што тој го замислуваше – рекол Роџер Авари подоцна за медиумите.

4. „The exorcist“ (1973 година)

Само благодарение на голема среќа денеска можеме да го гледаме „The Exorcist“, еден од најпознатите хорор филмови во историјата на светската кинематографија.

„The exorcist“ првобитно бил роман на Вилијам Питер од 1971 година, кој е адаптиран во сценарио за филм, а на големото платно го пренел режисерот Вилијан Фридлкин.

5. „Dumb and dumber“ (1994 година)

Филмот кој остави огромен белег во блескавата кариера на комичарот Џим Кери, првобитно беше одбиен од речиси секое студио во Холивуд. Филмот најпрво бил одбиен поради насловот, кој сите го сметале за пресмешен. Дури и сценариото морало да биде преименувано за некој воопшто и да сака да го прочита.

На крајот, сценариото стигнало до „New line cinema“, чиј претседател бил Мајкл де Лук. Токму на него му се допаднала идејата и прифатил да го снима филмот. Меѓутоа, на извршниот директор, Боб Шејн, тоа не му се допаднало, но по подолго размислување тој одлучил да прифати снимање на филмот.

„Dumb and dumber“ е филм кој ќе остане запаметен како еден од најсмешните во историјата на кинематографијата.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....