09:32 - 18 август, 2026

Почина актерот Ванчо Крстевски

Во Струмица денеска почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов” од Струмица. Роден на 30 ноември 1960 година, а член на Струмичкиот театар е од 1982 година.

Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина” на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите” на Теона Митевска и други. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков” во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин” ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.

По повод смртта на актерот Ванчо Крстевски утре во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов” во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14 часот на Градските гробишта во Струмица.

Слични објави

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.
Се вчитува....