2.8 C
Скопје
05:04 - 7 октомври, 2026

Од гламур до трагедија: Тажната судбина на првата жена што се соблече на филм

Муза на многу уметници, жена чие лице и тело сè уште можат да се видат на многу скулптури на јавни места во Америка

Одри Менсон, позната и како „Мис на Менхетн“, во историјата е запишана како прв американски супермодел, но и како првата жена која се појави гола во филм.

Одри Менсон беше актерка на Бродвеј, но најпозната е како модел за сликање и изработка на низа скулптури кои станаа вистински уметнички дела. Таа им позирала и на многу сликари, скулптори и фотографи.

Фото: Инстаграм

Таа се разголи во филмот „Инспирација“, снимен во 1915 година, играјќи модел кој му позира на еден вајар. Ова беше еден од нејзините четири снимени неми филмови.

Фото: Ју Тјуб/ Принтскрин

Муза на многу уметници, жена чие лице и тело сè уште можат да се видат на многу скулптури на јавни места во Америка, од кои само во Њу Јорк има 14.

Сепак, поради нејзината убавина и популарност, нејзиниот живот беше проследен со бизарни и трагични настани.

Во времето кога стана популарна, во 1919 година, таа живееше со нејзината мајка во Њу Јорк, во зградата чиј сопственик беше д-р Волтер Вилкинс. Вилкинс се вљубил во неа, и ја убил својата сопруга Јулија за да биде слободен и да се ожени со Одри. Таа и нејзината мајка побегнаа од Њу Јорк веднаш по овој настан, а полицијата издаде потерница со цел нивно испрашување. По националната потрага, тие биле лоцирани. Одбиле да се вратат во Њу Јорк и распитот бил направен во Канада. Одри жестоко негираше дека некогаш имала каква било емотивна врска со Вилкинс, кој подоцна беше обвинет за убиство и осуден на смрт. Тој се обеси во затвор пред да биде извршена казната.

Фото: Инстрагам

Најверојатно како директна последица од овој настан, Одри повеќе немаше работа. Таа сакаше да продолжи со својата професија, се пријавувала на многу огласи за реклами, но сите врати беа затворени за неа. До крајот на 1920 година таа беше без работа и ја поддржуваше нејзината мајка која продаваше кујнски предмети од врата до врата.

Во 1922 година, Одри се обиде да си го одземе животот.

Во 1931 година, нејзината мајка побара Одри да биде сместена во психијатриска установа и по судски налог, таа беше сместена на клиника каде се лекуваше од депресија и шизофренија каде помина цели 65 години. Починува на 104 години. Беше погребана на гробиштата во Њухејвен, првично без никаков споменик, за потоа нејзиното семејство во 2016 да постави скромна спомен плоча на нејзиниот гроб.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....