10.8 C
Скопје
10:01 - 18 април, 2024

НАЈГОЛЕМ ШОК ВО ИСТОРИЈАТА НА ОСКАРИТЕ: Неговиот филм е прогласен за НАЈДОБАР, а режисерот од солзи не можеше да зборува (ВИДЕО)

Оскарот за најдобар филм на овогодинешната церемонија  го доби „Паразит“, дело на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хоа. 

Ова е првпат во историјата на Оскарите некој странски филм, односно филм кој не е од англиско говорно подрачје да ја освои наградата за најдобро остварување за изминатата година.

Помалку неочекувано, Оскарот за најдобра режија го доби исто така  Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“, а наградата му ја врачи Спајк Ли.

Режисерот не можеше да го сокрие воодушевувањето, па буквално заплака на сцената и во прв момент не можеше да го почне својот говор.

Покрај него за најдобар режисер беа номинирани и Тод Филипс (Џокер), Сем Мендез (1917), Мартин Скорсезе (Ирец) и Квентин Тарантино (Си беше еднаш во Холивуд).

При примањето на наградата, режисерот Бонг Џун Хо покрај тоа што не можеше да ги воздржи солзите, тој на емотивен начин му оддаде почит на Скорсезе.

Откако ја добивме наградата за најдобар странски филм, мислев дека е готово и бев подготвен малку да се релаксирам. Ви благодарам многу. Кога бев млад и гледав филмови ја запаметив изреката дека она што е најлично воедно и е најкретивно. Тоа го кажа Мартин Скорсезе. Додека студирав ги проучував неговите филмови и ми беше чест што сум номиниран во иста категорија со него, а да бидам искрен, не очекував дека и ќе победам – вели Бонг Џун Хо.

Во продолжение на следниот линк погледнете ја целосната листа на добитници од овогодинешното доделување на Оскарите. 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....